Голем удар за Еурофарм Работник: До крајот на сезоната остана без почетниот бек

Екипата на Еурофарм Работник, актуелниот македонски вице шампион се уште се мачин да ја пронајде посакуваната форма, како во СЕХА лигата, така и во Лигата на шампионите.

Но тренерот Стевче Алушевски се соочува со нови проблеми. Имено се чини старниот десен бек, интернационалецот од Босна и Херцеговина, Невен Стјепановиќ ја заврши сезоната.

Тој се повреди на мечот против Мешков Брест, па по прегледите беше констатирано дека скинати предни вкрстени лигаменти и итно треба да биде опериран.

Стјепановиќ страдаше по еден невнимателен старт на Јуринок и веднаш беше видливо дека повредата е од сериозна природа. Битолчани сега на оваа позиција остануваат со Петровски и Велковски како и Радовиќ кој по потреба може да играа на оваа позиција.