Голем трофеј, па месец дена пауза?!

Еден српски доктор и хирург, открива дека на Новак Ѓоковиќ му следува пауза од еден месец играње тенис.

Најдобриот тенисер во светот го освои повторно Австралија Опен, со повреден мускул во стомакот. Ѓоковиќ се повреди во меч од 3-то коло, но некако успеа да дојде до финале и повторно да го потврди своето владеење.

Доктор Момо Јаковљевиќ смета дека за повредата кај Ѓоковиќ, која допрва мора да се потврди, веројатно ќе му следува месец дена пауза.

Прво, се уште не сум ги видел снимките, така да не можам ништо уште да прогнозирам. Во таа смисла би можел да коментирам за неговата изјава, дека тој е посилен од челик. За опоравување од повреда како кај Ѓоковиќ, потребен е месец дена, по што нема да има никакви последици“, тврди Јаковљевиќ.

Новак Ѓоковиќ беше обвинуван од новинари и навивачи на Надал и останатите, дека ја лажира повредата и дека сака да манипулира со јавноста дека всушност е повреден, а тој е потполно здрав.