По неколкуте напори да се формира Суперлигата, претходно сето тоа пропадна, но сега има нов обид тоа да се „воскресне“.
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, како фронт-мент и еден од идеолозите на оваа идеја, повторно прави напори да ја оживее идејата. Најави дека екипи како Интер, Милан, Рома, Наполи, Марсеј, Порто, Бенфика, Спортинг, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт, Бриж, ќе бидат дел од новата елита, но веќе почнаа и првите проблеми.
Освен Премиерлигашите кои Лапорта воопшто не ги спомена во првиот бран дека ќе бидат дел од Суперлигата, сега две екипи му покажаа непослужност, односно го одбија Лапорта. Прва тоа го стори Рома, а потоа и Спортинг Лисабон.
– Како што е јавно соопштено неколку часа пред одлуката на Европскиот суд на правдата, Рома повторно дека не го поддржува форматот на Суперлигата, порачаа од римскиот клуб.
Истото го направи и Феенорд, од каде потенцираа дека исклучиво се гледаат во Лигата на шампионите.
Претходно му откажаа и англиските екипи, за кои Лапорта нагласи дека повторно ќе направат обид во тоа да ги убедат дека треба да ја напуштат ЛШ и да им се приклучат.
Со оглед на потезите на Рома и Феенорд, може да се каже дека „второлигашите“ од се уште неформираната Суперлига, му дадоа почетен шамар на Лапорта.