Голем пораз на Металург кај Адемар Леон

Македонскиот претставник во Европа лигата, Металург, се враќа со голем пораз од гостувањето во Шпанија кај Адемар Леон каде загубија со резултат 41:32.

Евидентни беа проблемите на Металург во одбраната на оваа средба, каде домаќинот лесно доаѓаше до шанси да постигне гол, за што сведочи и резултатот.

Адемар Леон уште на полувреме имаше убедлива предност која им гарантираше чекор до победа (20:13), а таа предност до крајот на мечот ја задржаа и надоградија.

На крајот шпанската екипа победува со +9 (41:32) на оваа средба.

Поповиќ беше најефикасен кај Металург, а го следеше Златко Хорват со 6 голови.