Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени на гостувањето во Љубљана од домаќинот Олимпија со 95:91.
Поразот на страна, во таборот на Партизан се случи незгодна повреда на Алекса Аврамовиќ, кој од ова гостување се враќа со фрактура на носот.
Тој во втората четвртина од натпреварот мораше да го напушти теренот, откако доби крајно незгоден удар во носот.
Веднаш мораше да биде однесен до болница, каде е утврдено дека има фрактура на носот, па се уште не се знае отприлика колку ќе отсуствува.
Скоро извесно е дека ќе го пропушти следниот меч во Евролигата, против Анадолу Ефес во Истанбул. Во Белград го чекаат дополнителни прегледи, а Аврамовиќ идентична повреда имаше пред две години кога мораше да носи маска.