Голем кам-бек во најава, Вејд се враќа од пензија и му се приклучува на Леброн

Трикратниот НБА шампион Двејн Вејд не ја отфрла можноста да се врати на паркетот, иако се прости од кошарката.

Тој наводно ќе тренира со Леброн Џејмс во тренинг центарот, но и во самата сала, со цел да остане во форма.

„Да, завршив, но ќе тренирам. Сакам да останам во форма бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Никогаш не вели никогаш“, изјави Вејд.

Се чини дека постои можност Вејд да се врати од пензија, а наводно би требало да потпише за Лејкерси, па со Леброн повторно ќе се обиде да освои шампионски прстен.