Голден Стејт сo „брејк“ до стартна предност против Хјустон

254

Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалето на Запад откако ноќеска на теренот на Хјустон победија со 119:106. Кевин Дјурант со 37 поени и Клеј Томпсон со 28 беа предводници до победата, која Г.Стејт ја обезбеди во вториот дел откако на полувреме беше 56:56.

Во третиот и во четвртиот период шампионот успеа да ја мине границата над 30 поени (31 и 32 поена) во четвртина за да стигне до победата.

Слаба утеха за Хјустон беше тоа што Џејмс Харден со 41 поен беше најефикасен на натпреварот.