Голден Арт КЛ7 изненади во Прилеп

Младата екипа на Голден Арт КЛ7 направи големо изненадување на стартот од плеј-аут лигата откако вечерва го совлада Прилеп како гостин со 33-31.

Домаќините ја имаа контролата над резултатот во поголемиот дел од натпреварот, водеше со 10-7 и 13-11, но Голден Арт КЛ7 не се откажа во ниеден момент. Дури ни кога во второто полувреме кога прилепчани поведоа со највисоки четири гола разлика (25-21 и 29-25). Следуваше пеколна серија од 5-0 за преземање на водството, потоа, откако Прилеп израмни, уште два гола на гостите за 32-30 и на крајот победа со два гола разлика.

 

Ѕвезда на вечерта беше Игор Ѓоргиев кој постигна десет гола, Симоновски заврши со седум, а Ѓоргоски со шест. Во домашната екипа, Чантурија и Тренчевски реализираа по шест гола.