Кога ќе се повлече линијата, закажаното финале меѓу Ѓоковиќ и Синер изгледа како најправеден исход.
Најдобриот во светот севкупно против играчот кој покажа најмногу на Завршниот турнир во Торино.
„Тој ги доби сите четири натпревари досега, има голема поддршка од публиката, тоа е финале, тој оди на првиот трофеј на овој турнир, јас одам на седмиот. Знам што да очекувам, јас ќе се спремам, ваков меч со Карлос ми дава дополнителна сила“, рече Ѓоковиќ по триумфот над Алкараз во полуфиналето (6:3, 6:2).
Ѓоковиќ и Синер пред пет дена веќе се сретнаа во „Пала Алпитура“, а во спектакуларна борба победи миленикот на локалната публика со 7:5, 6:7, 7:6.