Ѓоковиќ за пензионирањето на Мареј: Шокиран сум, иста генерација сме…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана шокиран по утринската прес-конференција на Енди Мареј.

Британецот пред самиот почеток на Австралијан Опен порача дека тоа би можело да биде неговиот последен турнир во кариерата со оглед на тоа дека болките во колкот станале неиздржливи.

Тенискиот свет очигледно многу брзо ќе остане без човекот кој во текот на кариерата освои три Гренд слем титули, а притоа беше и број 1 на светот.

Тоа го шокираше Ѓоковиќ кој порача дека е тажно да се види низ што Мареј минува.

„Тоа е шокантно бидејќи сме исто годиште. Тажно е да се гледа низ што се минува. Го разбирам и сочувствувам со неговата болка со оглед на тоа дека речиси две години имав проблеми со тешката повреда на лактот. Тренирав со него пред неколку дена и малку разговаравме.

Тој е голем шампион, пријател со кој израснав. Тажно е што ова може да му биде последниот Австралијан Опен, му посакувам се најдобро. Благодарен сум му за голем број работи“, порача Новак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Новаче, па ти играш фудбал – тенисерот од Србија во улогата на Кристијано Роналдо

Методот кој е единствен правец кон успехот во тенисот – тоа го објасни Тони Надал

Ѓоковиќ: Не сакам да се креираат тенизии помеѓу мене и Надал и Федерер

Зошто сега е полесно да се освојат сите четири Гренд слема? Федерер го има одговорот

(ВИДЕО) Хорор во Мајами: Шпански тенисер колабираше на теренот!

Федерер и Ѓоковиќ се избегнаа, ама пак имаат тежок пат во Мајами

Федерер не е претерано разочаран, нагласи дека се радува на тоа што следува

Рафаел Надал го откажа мечот, Федерер во финале!

Нема крај на проблемите: Надал се откажа од Мастерсот во Мајами