Ѓоковиќ за најважната лекција и момент по кој се врати на првото место на АТП

Новак Ѓоковиќ е голем шампион, со 15 Грен слем титули, 32 Мастерс титули, но некогаш и тој неможе да предвиди што му следува во кариерата или што го очекува.

Пред само 12 месеци Ѓоковиќ беше далеку од врвот, заостанувајки многу бодови зад лидерот Надал, но и покрај проблемите, тој одлучи да игра на Индијан Велс, каде го доживеа еден од најтешките порази во кариерата.

Тогаш Ѓоковиќ беше поразен од 109 тенисер во светот, Таро Даниел, кој го исфрли од топ20 листата на АТП.

„Не бев подготвен тогаш да се натпреварувам, за разлика од оваа година. Се убедував себе си дека сум подготвен, но не бев. Повеќето луѓе од мојот стручен штаб беа против јас да играм на овој турнир, затоа што имав многу операции на себе“.

„Можев да донесам друга одлука, но верувам дека тоа ми беше важна лекција, која ми помогна да направам неверојатни резултати во следните 7,8 месеци и да се вратам на местото број 1“, порача Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хорор во Мајами: Шпански тенисер колабираше на теренот!

Федерер и Ѓоковиќ се избегнаа, ама пак имаат тежок пат во Мајами

Федерер не е претерано разочаран, нагласи дека се радува на тоа што следува

Рафаел Надал го откажа мечот, Федерер во финале!

Нема крај на проблемите: Надал се откажа од Мастерсот во Мајами

Надал со една изјава ги загрижи своите навивачи – можно е и да не се игра класикото против Федерер

Федерер без загубен сет до полуфиналето на Индијан Велс

Ѓоковиќ незадоволен по елиминацијата, но го најави следниот чекор

Шок во Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран во третото коло!