Ѓоковиќ во хуманитарна акција – нуди 2000 евра за јакна од култен српски филм

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се вклучи во хуманитарната акција што ја иницира екипата на филмот Јужен ветар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Južni Vetar (@juznivetarfilm)

Минатиот месец на продажба беше автомобилот Лада кој го купи српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ за 10 илјади евра. Сега се лицитира за јакна која ја носи главниот актер Милош Биковиќ во вториот дел од филмот што треба да излезе во март.

Почетната цена за јакната изнесуваше 300 евра, но Ѓоковиќ се вклучи со 2000. Лицитацијата почна вечерва, некои веруваат дека може да се оди до 10 илјади.