Ѓоковиќ во финале: Попатно го искоментира откажувањето на Надал

Новак Ѓоковиќ успеа да дојде до своето четврто последователно финале на Вимблдон.

Тој денес во полуфиналето го победи Камерон Нори на централниот терен со 3:1 во сетови, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, со што најави напад на уште еден голем трофеј.

Мечот не го почнав добро, но како одминуваше, бев се подобар. Имав зад себе многу полуфиналиња, но никогаш не е лесно да се излезе на терен во битка за финале. Камерон немаше што да загуби, играше се од себе и даде максимум. Одличен играч е и имам голема почит за него, му посакувам многу среќа“.

„Работата за мене е далеку од завршена. Ќе биде сигурно емотивен меч, ќе има огномет. Кирјос нема што да загуби, игра слободно и има страшен сервис и силни удари. Пред мене е уште едно неизвесно финале, искуството единствено може да биде во моја полза“, порача Ѓоковиќ.

На прашање за тоа што Надал се повлече од Вимблдон, Ѓоковиќ искоментира: Штета, посакував меч против него овде.