Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, откако убедливо го совлада својот ривал Андреј Рубљов во три сета (6:1, 6:2, 6:4).
Но за време на натпреварот, беше уловена интересна ситуација односно разговор помеѓу Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ.
Очигледно дека Ѓоковиќ последните две кола ја подигна формата и делува дека е подготвен да го освои турнирот, но секако има и одредени проблеми.
По еден изгубен поен во третиот гем од вториот сет, бесно реагираше кон Иванишевиќ:
„Не можам, гледаш ли? Не можам, убиј ме! Гледаш ли кога станувам овде? Гледаш ли…“, урлаше Ѓоковиќ додека Иванишевиќ гледаше во чудо.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Томи Паул, 35- рангиран на АТП листата.