Ѓоковиќ стравува во еден сегмент од Зверев: Доколку со тоа му тргне…

Денеска се игра големото полуфинале во Токио, помеѓу фаворитот Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Германските медиуми овој натпревар го најавија како „меч од соништата“ за нивниот натпреварувач, зад кој ќе биде цела Германија.

Новак Ѓоковиќ е моментално најдобриот тенисер против кого може да играте, во врвна форма е и веќе освои три Гренд слем трофеи оваа година“, порача Зверев пред мечот.

Во најавата пред полуфиналето, своја анализа за противникот даде и Новак Ѓоковиќ.

Зверев е секако еден од најдобрите играчи во светот, дефинтивино е еден од најдобрите сервери. Ако му тргне на натпреварот, може да победи било кого во светот. Претходно ме победи и мене на тврда подлога и на земја“, истакна Новак Ѓоковиќ.