Ѓоковиќ со честитка за Лука Модриќ во стилот – „Од Вардар до Триглав, сите за Хрватот!“

Кога е спортот во прашање, познато е дека Новак Ѓоковиќ нема никаков проблем и има добри односи со хрватските спортисти, меѓу кои и со Лука Модриќ.

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се придружи на плејадата спортисти кои му честитаа на Модриќ за освојувањето на Златната топка од пред некој ден.

Сите честитки за мојот мил пријател Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено, горд сум на моментот за овој наш регион, кој го доби најдобриот фудбалер“, порача Ѓоковиќ.

Многумина на социјалните мрежи напишаа дека Ѓоковиќ мислел дека сите од Вардар па до Триглав се горди на успехот на Лука Модриќ, без оглед на националноста на овие простори.