Ѓоковиќ смета дека има фаворит од сенка за освојување на УС ОПЕН

Пред почетокот на годинешниов турнир УС ОПЕН, Новак Ѓоковиќ кој е еден од фаворитите за нов голем трофеј, истакна дека освен него, постои уште еден фаворит од сенка.

Тој смета дека Данил Медведев е шампионски материјал, нешто што го покажал во мечот против него неодамна и дека е фаворит за УС ОПЕН.

Иако сите многу не го гледаме првото коло на натпревари на големите турнири, влегуваме со доза на потценување кон противникот. Но се повеќе и големите тенисери гледаат против кого играат во прво коло. Мора да се земат во предвид резултатите на Медведев, неверојатен тенисер“.

„За Грен слем турнирите е друга приказна, потребно ви е искуство и трпение, секако и способност. Постои и притисок поради очекувањата на навивачите. Медведев можеме слободно да го сметаме за еден од фаворитите на претстојниот УС ОПЕН“, истакна Ѓоковиќ.