Ѓоковиќ си постави исклучително тешка цел за 2019 година

Со многу напори и подигање на формата до максимум, Новак Ѓоковиќ иако вчера поразен од Александар Зверев на завршниот турнир во Лондон, сепак е прв на АТП листата за 2018 година.

Тој загуби од младиот германски тенисер, а по натпреварот му беше заблагодарено за наводното намерно пуштање на мечот за Зверев да победи.

Но како и да е, Новак Ѓоковиќ како вистински спортист, секогаш цели највисоко, па за следната сезона си постави нова, исклучително тешка цел.

Верувам дека можам да го достигнам Роџер Федерер, навистина сакам да го изедначам неговиот рекорд и да поставам свој. Не знам дали ќе успеам во тоа, но сум уверен дека тоа е можно и јас ќе се обидам да го сторам тоа“, порача Ѓоковиќ.

„Дали ќе се изедначам со Надал и дали ќе го престигнам Роџер? Тоа зависи од многу фактори, прво, најважно од се колку долго ќе можам да играм. Исто така важно е уште колку време ќе го држам ова високо темпо, верувам во своите способности, па ќе видиме“, истакна Новак Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ има 14 трофеи, Надал има 17 додека Роџер Федерер има 20 Грен слем трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Знаевме дека Федерер е маестро, но од денес е и магионичар!

(ВИДЕО) Кирјос пак во елемент, сега го разнесе „Ролан Гарос“!

Пораката на Надал до Ѓоковиќ по финалето во Рим

(ВИДЕО) Надал со своите потези го излудуваше Ѓоковиќ, Србинот во еден момент целосно полуде!

Надал освои титула, Ѓоковиќ ја зголеми предноста

Се уште е голем: Надал го преслуша Ѓоковиќ во Рим за титула!

ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно ги собра овациите од гледачите поради потегот со момчето

Федерер лут на организаторот во Рим: Зошто не приморувате да играме на вакви услови?

Тони Надал го знае лекот за Кирјос – на комичен начин го искоментира бунтовникот од Австралија