Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ ќе се врати на терените порано од очекувањата, бидејќи на 21 август ќе игра двомеч со легендите на овој спорт!
Друштво на Ѓоковиќ на едната страна од мрежата ќе му прави Џон Мекинро, а од другата страна ривали ќе им бидат Карлос Алкараз и Андре Агаси.
Овој дуел е планиран во рамките на „Навивачката недела“ пред САД опен, што ќе се одржува од 19 до 25 август, додека ден подоцна официјално ќе почне турнирот на кој Ѓоковиќ ја брани титулата.
Ова, без сомнение, ќе биде голем спектакл за сите љубители на тенисот. Еден од најголемите, бидејќи ќе гледаме луѓе на теренот кои освоиле 43 грен слем титули, од Ѓоковиќ повеќе од половината (24).