Ѓоковиќ пред Вимблдон, ќе има „посебен“ меч со Рафаел Надал?!

Новак Ѓоковиќ сепак ќе игра пред да учествува на Вимбодон, иако тоа претходно не беше најавено.

Српскиот тенисер ќе учествува на турнирот под името „Џорџо Армани Класик“, во Худлингем Клаб, кој се игра од 21. до 26. јуни.

Во прашање е егзибиционистички натпревар на кој ќе учествува и Рафаел Надал, но и Карлос Акларас, Каспер Руд и Енди Мареј.

Тоа ќе им биде најдобро загревање пред Вимблдон кој е на програм ата од 27. јуни до 10 јули.

Ќе настапува и Феликс Оже Алијасим, Денис Шаповалов, а ќе има тениски леген ди од типот на Маркос Багдатис и Ксавиер Малиса.

Големи се шансите Новак Ѓоковиќ да заигра против Рафаел Надал.