Ѓоковиќ пред голем пекол до крајот на сезоната и губење на тронот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и по неуспешниот УС ОПЕН, го држи првото место на АТП листата, но второпласираниот Рафаел Надал сега сериозно му дише во врат.

Ѓоковиќ пред овој Грен слем, имаше дури 3.740 поени повеќе, а сега таа разлика е спуштена на 640.

Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона, па остана без 1.820 поени. Надал од друга страна, со уште 1280 освоени бодови, максимално ја минимизира разликата односно негативата кон Ѓоковиќ.

Но допрва доаѓаат проблемите за српскиот тенисер. Тој до крајот на сезоната има вистински пекол пред себе, брани голем број на поени и го мачи повреда на рамото.

Надал до крајот на сезоната не брани ниту еден поен и токму таму е неговата предност за да дојде до престолот на АТП.

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Шангај, односно 1000 поени, потоа и финале во Париз кое вреди 600 бодови, како и завршниот Мастерс, каде брани 1100 поени.

Ѓоковиќ би требало да игра и на турнирот во Токио, каде евентуално со титула би можел да стави на свое конто дополнителни 500 поени и така делумно да му побегне на Надал пред двата последни Мастерси како и АТП финалето.