Ѓоковиќ побарал „посебна достава“ од УС ОПЕН

Поранешната тенисерка Рене Стабс, откри во јавноста дека Новак Ѓоковиќ побарал да му бидат доставени топчиња за тренинг, кои се користат на УС ОПЕН.

Според нејзиното предвидување, тоа значи дека рекетот број 1 ќе игра на отвореното првенство во Америка.

По се изгледа дека Ѓоковиќ побарал топчиња за тренинг од УС ОПЕН опремата, со цел да се подготви подобро со нив. Тоа навестува дека ќе учествува на овој турнир. Тоа нормално не е договорено се уште, но ќе видиме што ќе се случува во следните неколку недели“.

„Добрите вести од Америка се дека ново инфицираните случаи од Ковид19 во Њујорк се под контрола и дека работата оди во посакуван правец“, рече Стабс.

УС ОПЕН се уште официјално не е потврдено дека ќе се одигра,но доколку се случи тоа и оди се според планот, тоа ќе се случи во периодот од 31 август до 13 септември.