Ѓоковиќ по низата дебакли во Токио ги воодушеви своите фанови со својата изјава

Новак Ѓоковиќ имаше навистина лош викенд зад себе, веројатно најлошиот во кариерата.

Најпрво вчера за помалку од три часа ги загуби двете полуфиналиња на Олимписките игри кои ги играше (сингл и микс), па така остана без двата потфати и големи цели.

Ѓоковиќ, имено, во ветерански години (34) во Токио ултимативно тргна во поход на олимпиското злато, единствениот од најголемите трофеи кои ги нема освоено во својата брилијантна кариера.

Освен тоа, Ѓоковиќ најави дека олимпиското злато на овие игри му е особено важно со цел да го освои „Златниот слем“ – четирите најголеми турнири и олимпискиот.

Со поразите вчера остана без двата подвига, па денес одеше по две утешни награди – бронзата во поединечна и конкунреција на мешани двојки.

Меѓутоа и без нив остана за помалку од три часа. Ѓоковиќ најпрво загуби од Буста во сингл, а веднаш потоа го предаде мечот за бронзата во мешани двојки.

Тоа многу ги разочара неговите фанови, особено оние во Србија.

По оштиот олимписки дебакл истакна: „Морав да се повлечам поради повеќе повреди. Им се извинувам на навивачите, го сакав медалот како и тие. Дадов се од себе“.

Меѓутоа, по ова, објави нешто што ги воодушеви неговите навивачи и неговите сонародници.

„Чест ми е да играм за Србија и сакам да играм за неа на следните Олимписки игри, во Париз 2024 година“.

Ѓоковиќ тогаш ќе има 37 години, но очигледно не се откажува од тоа и тогаш, во својата последна шанса, да го освои единствениот од најголемите троефи кои му недостасуваат.