Новак Ѓоковиќ го откажа своето учество годинава на турнирот во Мајами.
Српскиот тенисер минатиот месец триумфира на својот омилен турнир, Австралија Опен, каде што има нестварна доминација, па процени дека е подобро да одмори пред поголемите турнири сезонава.
Тој потенцира дека сака да освојува уште големи трофеи и да дојде рамо до рамо со најголемите, Надал и Федерер, па и да ги престигне.
„Годинава го откажувам учеството во Мајами, нема да настапам. Периодов ќе го посветам на моето семејство, бидејки во иднина има многу турнири на кои треба да се посветам и ќе има доста патувања, а скоро сигурно ќе бидат со ограничувања. Се враќам следната година во Мајами“, порача Ѓоковиќ.