Ѓоковиќ одбил да го промени државјанството: Не може да ја продадете душата и она што сте

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ за време на паузата поради корона вирусот даде неколку мошнте интересни изјави и интервју.

Во едно од последните, Ѓоковиќ откри дека кога имал 14 години имал понуда да земе британско државјанство и да настапува за нивната земја, но вели дека одбил бидејќи е горд Србин и покрај финансиските проблеми со кои се соочувале неговите родители

Не може да ја продадете душата и она што сте. Немаше да можам да живеам со тоа. Децата подобро би живееле, но никој од нас не би бил среќен. Мислам дека Новак никогаш не би играл за Велика Британија како што игра за Србија“ изјави Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак

Српскиот тенисер моментално има 17 трофеи од „големите четири“, како и 282 недели како број 1 во светот, додека Федерер триумфираше 20 пати на Гренд-слем турнирите и помина вкупно 310 недели на врвот.