Ѓоковиќ ни соопшти дека ја завршува кариерата – останавме во шок!

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, откри дека сегашниот бро1 светски рекет, пред извесен период им соопштил дека го напушта тенисот.

Тоа се случувало во 2018 година, накратко по операцијата на лактот, повреда која го мачеше долг период и поради која тој беше непрепознатлив на теренот.

Сето тоа резултираше со пораз од францускиот тенисер Беное Пер во 2. коло од Мастерс турнирот во Мајами.

Ми рече, готово е, прекинувам со тенисот. Загубив во Мајами, ова беше тежок удар за мене. Не собра цела фамилија и ни порача, другари, јас завршив, во тој момент јас останав збунета. Бевме сите во солзи и му рековме дали знае што прави? Не е сега време ни одговори“.

„Тие 10 денови се чувствуваше како никогаш повеќе да не сака да заигра. Немаше добри резултати, а силно ги посакуваше, но не беше трпелив. Многумина му зборуваа да забави малку, но сепак, се опорави како феникс, најде мотивација и повторно почна да гради се од почеток“, раскажува сопругата на Новак Ѓоковиќ.