Ѓоковиќ не успеа: Ќе жали уште долго што не го симна рекордот на Федекс

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, учеството на завршниот Мастерс во Торино го заврши во полуфинале, каде беше поразен од Саша Зверев.

Со тоа Новак Ѓоковиќ ја испушти шансата да го освои овој турнир и да се изедначи со рекордот кој го држи Рожер Федерер.

Швајцарецот останува играч со најмногу пехари на завршните турнири, бидејки тој има шест титули, додека Ѓоковиќ броеше само до 5.

Исто така Рожер Федерер е единствениот тенисер кој престижниот турнир го освојуваше кога имаше преку 30 години.