Ѓоковиќ: Не можам да кажам дека ми е жал

Новак Ѓоковиќ по победата над Алекс де Минор истакна дека тоа е неговиот најдобар меч оваа година.

Ѓоковиќ за два часа го совлада Австралиецот со 6:2, 6:1, 6:2 и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Првото прашање што го доби од Џим Куриер на теренот беше зошто беше толку убедлив?

„Затоа што сакав“, рече Ѓоковиќ со насмевка, „Добро вечер на сите. Ви благодарам што дојдовте. Не можам да кажам дека ми е жал што не гледавте долг натпревар“.

„Навистина сакав да победам со 3-0 бидејќи никогаш не знаеш што ќе се случи на теренот. Се справуваш со многу работи на теренот и надвор од него“, додаде Ѓоковиќ.