Ѓоковиќ направи голем лапсус, па се исправи: Со задоволство ќе го примам!

Разговорите на Новак Ѓоковиќ со медиумите се секогаш интересна тема.

Еден од новинарите по финалето во Париз кој го доби против Шаповалов, го праша дали знае дека Асоцијацијата на олимпискиот комитет на Балканот, го прогласила за најдобар спортист на ова п однебје.

Беше прашан дали ќе го прими тоа признание, Новак Ѓоковиќ незнаејки дека го добил тоа признание, даде одговор кој може да се смета и во една друга, незгодна конотација со тоа што рече дека „ќе го прими“, па сфати што рече и се исправи.

„Прв пат слушам за тоа, така да, ќе разговарам со мојот тим, па со задоволство ЌЕ ГО ПРИМАМ…….. ова и не звучеше баш добро, воопшто не звучеше добро“, рече Ѓоковиќ и ги насмеа присутните кои го разбираат.