Ѓоковиќ најмногу ќе настрада од одлуката за Вимблдон

Дури и ако успее да го задржи првото место на АТП листата по Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ сигурно ќе падне по Вимблдон, ако одлуката да не се бројат бодови на овој турнир остане на сила.

Србинот лани ја освои титулата на овој Гренд слем и оваа сезона брани 2.000 бода што значи дека сите ќе ги загуби. Неговите главни ривали за првото место Медведев и Зверев бранат по 180 бода, а најдобро ќе помине Надал кој лани не учествуваше на Вимблдон.

Ако во моментов се избришат бодовите од турнирот, Ѓоковиќ би паднал дури на третото место со 6.660 бода, а нов лидер би бил Данил Медведев. Единстгвена шанса за српскиот тенисер е одлуката да биде променета или Вимблдон да дозволи таму да учествуваат руски и белоруски тенисери.