Новак Ѓоковиќ во раната фаза од својата кариера, имаше обичај да прави шоу на терените, посебно во егзибиционистичките натпревари.
Беше познат по имитациите на колегите, а нешто слично се случи и на УС ОПЕН годинава во Њујорк.
Некогаш на репертоар му беа многу тенисери и тенисерки, меѓу кои и Рафаел Надал, кој подоцна низ годините, му стана најголем ривал во кариерата.
Првиот меѓусебен дуел го имаа пред повеќе од 15 години, а тој му припадна на Шпанецот, за потоа малку по малку, Ѓоковиќ да го поправа скорот кон Надал, така да сега има предност од 30-29.
Новак Ѓоковиќ во интервју за ЕСПН, го искоментира променетиот став на Рафаел Надал, кога се во прашање неговите имитации кои ги прави на негова сметка и за што ривалите му замеркаат, како што тоа беше пред некој ден Бен Шелтон, кој против кого ископира друг колега тенисер.
„На почетокот од кариерата, кога ме растураше на терен, му беше во ред. Но сега, кога јас почнав да добивам некои натпревари, почувствував дека енергијата малку се промени“, тврди Ѓоковиќ.