Ѓоковиќ на листата на учесници на УС Опен, но тешко дека ќе игра

Мала е веројатноста дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен и покрај тоа што неговото име се најде на списокот на учесници на последниот Гренд слем во сезоната.

Реалната ситуација на теренот не му одговара на српскиот ас бидејќи минимални се шансите нешто да се смени со правилата за вакцинација против ковид-19. УС Опен нема правило за задолжителна вакцинација, но мора да ја почитува одлуката на Владата на САД кога станува збор за невакцинирани странски државјани.

Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе загуби 1.200 бода, освоени лани, а извесно е дека нема да настапи ни на двата Мастерса, во Монтреал и Синсинати кои се предигра на УС Опен.