Ѓоковиќ можеби нема да игра во Мелбурн, но Надал е подготвен за влез во историјата

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан најави дека неговиот син најверојатно нема да игра на Австралија Опен поради строгите мерки во оваа земја, кога станува збор за вакцинирањето.

Од друга страна, еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ во кариерата, Рафаел Надал полека заздравува од серијата повреди и според неговиот чичко Тони, најверојатно ќе патува во Мелбурн. Таму Шпанецот ќе се обиде да стане првиот тенисер во историјата со 21 Гренд-слем титула со што ќе се одвои од Ѓоковиќ и Федерер.

Според Тони, Рафа веќе тренира во својата академија, а од средината на декември ќе може да игра и натпревари.