Ѓоковиќ: Ми беше чест да го делам теренот со тениски легенди

Роџер Федерер ќе биде во центарот на вниманието на Лејвер Куп. Швајцарскиот ас ќе одигра дубл со Рафаел Надал кој ќе биде негов последен во неговата кариера, а во Милениумската купола во близина на Темза ќе се соберат големата четворка.

Во лондонската „О2 арена“, ќе бидат најдобрите од најдобрите, великаните на „белиот спорт“. Рама до рамо ќе стојат Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мари, тенисери кои освоија најголем број титули на Гренд Слем турнирите.

Најголемите ривали го искористија слободното време со тоа што го поминаа заедно, евоцирајќи спомени … имаше многу епски битки.

„Благодарен сум на единствената можност да бидам на истото поле со моите најголеми ривали и легенди на овој спорт. Овој момент засекогаш ќе го паметам. Благодарение на Лејвер Купот што ни овозможи да се здружиме. Се радувам на следните денови во кои ќе уживаме и ќе ја славиме кариерата на Федерер“, порача Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Новак, Рафа и Енди ќе бидат сведоци на пензијата на Федекс, а шкотскиот тенисер се пошегува на својата сметка пред фантастичните натпревари.

„Одлична тројка и еден кловн. Таквите тренинзи не се гледаат често. Апсолутната привилегија да се дели теренот со овие тројца момци последен пат“, напиша Енди Мари под сликата каде се наоѓа со тројцата најтрофејни тенисери во овој милениум.