Ѓоковиќ како „персона нон грата“ во Мелбурн – за малку и Австралија Опен ќе го откажеа поради него

Мелбурн очекува околу 1300 луѓе во текот на викендот, кога најголемиот дел тенисери и тенисерки кои планираат да учествуваат на првиот Гренд слем годинава, ќе го почна задолжителниот двонеделен карантин.

Австралискиот портал Тајмс наведува дека не било лесно да се наговори владата да дозволи одржување на турнирот, а проблемот бил во Новак Ѓоковиќ, односно неговиот проект Адрија Тур, одржан во текот на летото. Постојано се вртат забавите во текот на турнирите во Белград и Задар од кои подоцна излегоа голем број заразени со корона вирусот. За сето тоа е обвинет српскиот тениски ас кој сакаше да им помогне на тенисерите, а излезе главен виновник за ширењето на заразата меѓу тенисерите.

Тоа не им се допадна на властите во државата Викторија која воведе тримесечен карантин во втората половина од 2020 година, а потоа издржа 61 ден без ниеден заразен. Затоа сега се донесени строги правила: кој ќе го напушти карантинот без дозвола, ќе биде казнет со 19 илјади долари и потенцијална кривична пријава. Можни се и казни како дисквалификација, одземање на паричната награда, па дури и депортација поради која влезот во Австралија во следните години би бил забранет.