Ѓоковиќ ја запали публиката: Го освои АТП Белград, па им испрати силна порака

Новак Ѓоковиќ го освои АТП Белград, откако во финалето беше подобар од Алекс Молќан од Словачка со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).

Српскиот тенисер по освоениот турнир, се обрати до присутната публика и им даде одлични вести.

„Ова е резултат кој го посакував, се чувствувам и играм добро. Сега ќе минам квалитетно време со семејството, тука се и пријателите. После ова – ОДАМ НА ТИТУЛА НА РОЛАН ГАРОС“, подвикна Новак Ѓоковиќ.

Несомнено, првиот светски рекет ја врати самодовербата пред големиот предизвик, каде сигурно и повторно ќе го има Рафа Надал за најголем противник.