Ѓоковиќ избори осминафинале, а Дел Потро го откажа настапот во Торонто

Победникот на годинашниов Вимблдон Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на Роџерс купот што се игра во Торонто. Тој во два сета го совлада домашниот тенисер Питер Полански со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови) и пред дождот да ја прекине програмата избори пласман во следното коло. Тој во двата сета имаше по еден брејк што му беше доволно за триумф.

Поради повреда на раката (левата) настапот го откажа Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Неговото место ќе го заземе Русинот Михаил Јужњи и ќе игра ротив Робин Хасе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со здравствени проблеми и пресврт – се пласира во осминафинале на Синсинати

Нов настап на Ѓорческа во квалификациите на УС Опен

„Три од три“ за македонските тенисери на фјучрсот во Нови Сад

ВИДЕО: Федерер се врати во Синсинати, а Надал го откажа настапот на овој Мастерс

ВИДЕО: С.Вилијамс со нов пораз во првото коло сега налета на Квитова

Ѓоковиќ незадоволен од себе, но со важна цел годинава

Надал: Пробај да победиш кога се мачиш

Македонската пресметка во Нови Сад за Србљак

Надал ја освои 80. титула во кариерата и најави повлекување од следниот турнир