Ѓоковиќ има една дилема околу Кирјос пред финалето

Новак Ѓоковиќ во последното интервју се осврна на својот следен противник, во финалето од Вимблдон, Ник Кирјос.

Австралиецот честопати во минатото знаеше да го провоцира српскиот тенисер, на што овој редовно остануваше смирен, но сега тврди дека не знае дали ги закопале секирите и дали пријателството им е се уште живо.

Не знам баш дали ги закопавме секирите, делува дека е така, но ајде ќе видиме во недела. Јас немам ништо против него, но тој делува дека со години е против мене и има нешто против мене. Нашиот однос не беше баш како некоја романса, но факт е дека тој сега е по позитивен од претходно и игра подобро“, истакна Ѓоковиќ.

Сите очекуваа дека ќе гледаат тениско класико помеѓу Надал и Ѓоковиќ, но повредата на Надал го спречи тоа задоволство кај навивачите.