Ѓоковиќ има еден, единствен приоритет за 2020

Новак Ѓоковиќ истакна дека еден од приоритетите за идната година, ќе му биде освојување на медал на Олимписките игри во Токио.

Најдобриот српски тенисер кој во финишот на сезоната го испушти првото место на АТП листата, подготвил план на подготовки за следната сезона, а учество на најголемото спортско случување во Токио ќе му биде еден од приоритетите.

Секогаш уживам играјки на ОИ и тоа што ја претставувам мојата земја на Дејвис Купот. Еден од моите сонови е да освојам медал на ОИ во Токио“.

Вториот светски рекет има бронза од ОИ во Пекинг, додека во Лондон 2012 беше на 4. позиција, додека во Рио 2016, неочекувано беше елиминиран од Дел Потро.

Секогаш наоѓам екстра мотивација и максимум кога ја претставувам мојата земја. Олимписките игри се случување со најголема историја. Можност да бидам опкружен со најголем дел од спортистите, да гледам како се натпреваруваат. Се надевам дека ќе извлечам инспирација за Токио“, рече Ѓоковиќ.