Ѓоковиќ и Федерер на иста страна во Синсинати, Надал имаше повеќе среќа

Вториот Мастерс од летната американска турнеја ќе се одржи во Синсинати, а тоа е еден од омилените турнири на Роџер Федерер.

Но, за да стигна до осмата титула во Охајо, Швајцарецот најверојатно ќе мора да го победи Новак Ѓоковиќ кој му е потенцијален ривал во полуфиналето. Ѓоковиќ има нешто потежок пат бидејќи во второто коло најверојатно ќе се сретне со Квери, потоа со Иснер кој по традиција игра одлично на американските турнири, а потоа можен ривал му е и Ник Кирјос.

Федерер најверојатно ќе почне со Беретини, потоа ќе игра со Димитров или Вавринка, а до полуфиналето незгоден ривал му е Циципас.

Надал имаше многу полесна задача. Најтежок можен ривал му е Доминик Тим, но дури во полуфиналето. Од носителите на негова страна се Борна Чориќ и Давид Гофан.