Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП рангирањето

Новак Ѓоковиќ од утрово повеќе не е лидер на АТП табелата, откако се случија извесни промени.

Новак Ѓоковиќ беше лидер се до ноќеска, но поради тоа што Надал заостануваше само 500 бодови зад него, а успеа да стигне до финалето на турнирот во Мантреал, успеа да го освои врвот, па дури и да загуби во финалето, Надал ќе биде нов лидер.

Славниот шпанските тенисер без борба дојде до финале, откако повредениот Гаел Монфис поради болки на скочниот зглоб, се повлече од турнирот, па автоматски Надал се пласира во финалето, каде ќе ги одмери силите против Данил Медведев.

Доколку Надал ја освои титулата, и тоа 35. Мастерс титула, ќе му припаднат 1000 АТП бодови, а доколку загуби, ќе заработи 600 на АТП Мастерсот во Монтреал и повторно ќе биде пред Новак Ѓоковиќ.