Старо-новиот шампион на АТП завршниот мастерс, во краткиот разговор со медиумите по победата над Јаник Синер, истакна дека за него мотивација во финалето било тоа што публиката на моменти го свиркала.
-Останав смирен, бев фокусиран и ги најдов вистинските решенија за играта. Знаев што ме очекува, дека ќе го поддржува Синер, имаше и некоректни моменти од Јаник околу изведувањето на сервисите, но добро, тоа е дел од спортот.
-Воопшто не е лесно да се игра пред ваква публика, која беше заштитничка кон Јаник Синер, на моменти беа премногу гласни и ме дефокусираа, но како што реков претходно, останав фокусиран и потврдив добар резултат, затоа сега победата ми е слатка, порача Новак Ѓоковиќ.
Многумина му завидуваат, бидејки сметаат дека тоа што тој го прави на овие години, беше незамисливо некогаш за некоја друга генерација, а останува на времето да потврди дали ќе се најде друга ваква тенис машина која ќе ги гази нестварните рекорди кои постојано ги урива српскиот тенисер.