Ѓоковиќ го стигна Сампрас и тргнува во потера на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја минува својата 286-та недела на врвот на АТП листата.

Според овој показател, Ѓоковиќ го стигна легендарниот Пит Сампрас, а сега го дели второто место на вечната листа со Американецот.

Следните недели Ѓоковиќ ќе биде пред Сампрас и ќе тргне во „потера“ на Роџер Федерер кој 310 недели беше рекет број еден на светот.

Доколку Ѓоковиќ продолжи со добрите игри, односно доколку го заобиколат повредите, веројатно на 8 март следната година ќе го престигне Федерер.

За потсетување, Ѓоковиќ досега има освоено 17 титули на гренд слем турнирите и веројатно ќе стигнеше до 18-тата доколку не беше дисквалификуван од УС Опен.