Ѓоковиќ го посочи тенисерот кој треба да владее со идната генерација тенисери

Најдобриот српски тенисер и од овој понеделник број 2 на АТП рангирањето, Новак Ѓоковиќ, смета дека има еден млад тенисер кој може да владее во тенисот со идната генерација.

Ѓоковиќ оваа недела ќе игра на Мастерсот во Синсинати, каде ќе го брани трофејот од минатата сезона.

Ѓоковиќ не играше уште од Вимблдон и петтиот триумф на познатиот турнир, а во првото коло од натпреварувањето во Охајо, чиј што награден фонд е 6 милиони долари, тој е слободен.

Но смета дека тенисот има добра генерација и дека еден тенисер може да се издвои.

Ќе мора некој да се појави, ќе дојде и тој час, се надевам нема да биде така брзо. Мислам дека австралискиот тенисер Доминик Тим има најдобра зрелост и има најголема предност на Гренд слем турнирите поради искуството, го сметам за тенисер кој во иднина ќе може да владее со една генерација тенисери“, порача Ѓоковиќ.