„Ѓоковиќ го победи Нори со психолошки игри!“

Камерун Нори не успеа да стане само вториот Британец во Опен ерата што ќе игра финале на Вимблдон откако вчера загуби од Новак Ѓоковиќ со 1-3.

Сепак, легендарниот британски тенисер Тим Хенман се обиде да го оправда поразот со наводни психолошки игри на Србинот. Според него, Ѓоковиќ го оставил Нори долго да го чека во ходникот, пред излезот на Централниот терен. Во преносот навистина можеше да се види како Британецот нервозно стои во полумракот на ходникот, пред излезот.

„Веројатно е тоа некоја психолошка игра на Ѓоковиќ“, изјави Хенман во анализата за британската телевизија ББЦ.

Вистината е малку поинаква. Нори самоиницијативно излегол порано од соблекувалната, веројатно нервозен и во исчекување на својот најважен натпревар в досегашниот дел од кариерата.