Ѓоковиќ го дозна распоредот на пат до златото: Нагазна мина евентуално во четвртфинале

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ реши да оди на златен медал на Олимписките игри во Токио.

Тој е максимално растеретен по освоените три Гренд слем турнири, па сега ќе се обиде на Србија да и донесе злато, пред да се обиде да го постигне најимпресивниот податок во „белиот спорт“, евентуалното освојување на златниот слем.

Денеска беше ждрепката за патот кон златниот медал, а Ѓоковиќ го дозна својот распоред.

Во првото коло ќе игра против Уго Делиен од Болувија, 139-ти тенисер на АТП листата. Во второто коло може да налета на Штруф или Монтеиро, додека во третото коло на Давидовиќ Фокина или Милман, а дури потоа му доаѓа сериозен противник.

Во четвртфиналето би можел да налета на Рибовљов или евентуално на специфичниот Гаел Монфис.

Во полуфиналето ќе биде најголемата дилема, опции му се Зверев, Хуркач или Карацев, додека во финалето би го чекале Данил Медведев или Стефанос Циципас.