Ѓоковиќ го доби противникот во финалето

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во финалето од завршниот турнир во Торино откако вечерва го победи Андреј Рубљов со 2-0 (6-2, 6-4).

Руд беше апсолутно подобар противник на мечот, посмирен и за кратко време го сруши отпорот на противникот. Во финалето ќе има предност и поради тоа што Ѓоковиќ последните два дена имаше два исклучително тешки дуели и многу време помина на теренот.

Досега, Ѓоковиќ и Руд играле три пати меѓу себе и на сите три меча победи Србинот, без загубен сет.