Ѓоковиќ ги загрижи фановите со неговите постапки по мечот, па го објасни сето тоа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека заморот е заслужен за неговата лоша ситуација по мечот против Данил Медведев, кој беше маратонски.

Ѓоковиќ го победи Медведев по три сета со резултат, 6:3, 6:7 (5), 7:6 (2) и играње по повеќе од три часа. Српскиот ас на тој начин и покрај заморот и проблемите со десното око, се пласираше во финалето.

Бев преморен затоа што на теренот имаше голема борба. Не се мачев со одредени делови на телото, мојата целокупна физичка ситуација беше предизвикана поради долгите поени кои ги игравме. Помеѓу првите две средби на овој турнир, имав само еден ден пауза. Бев доста нервозен бидејки знаев дека на спротивната страна имам искусен ривал“.

„Секогаш сакам да победувам кога играм против Медведев, овој меч покажа колку сме и двајцата ментално силни. Данил сакаше да ја заврши сезонаа со победа, а јас не сакав да загубам. Не сакам да калкулирам, никогаш тоа не го правам. Сакам да победувам секој пат Секој меч со главен ривал е златна шанса за триумф, затоа што нема да играм цел живот“, порача Ѓоковиќ.