Ѓоковиќ емотивен: Ова е драга победа за мене, моите деца беа на трибини!

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на мастерсот во Париз, во финалето противник му беше рускиот тенисер Данил Медведев.

Иако мечот не го почна според планот, имаше негатива од еден сет, но се созема, се врати и на крајот победи, а по натпреварот тој призна дека за него голема сатисфакција било тоа што на трибини ги имаше своите деца како поддршка.

Ова за мене е посе бна победа, тука за прв пат моите две деца беа на трибини и ме поддржуваа. Неверојатна борба до последен удар“.

„Пред ова финале, го анализирав она што ми се случи во Њујорк, видов каде е грешката, ја научив лекцијата. Задоволен сум и среќен со оваа титула“, порача Србинот.