Ѓоковиќ експрес – српскиот тенисер си закажа дуел во полуфиналето со проверен противник

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз, со победа над Стефанос Циципас.

Српскиот тенисер дојде до триумф полесно од очекувањата, со победа од 6:2, 6:1 во сетови.

Со оваа победа, српскиот тенисер го изедначи скорот во меѓусебните дуели на 2:2 со грчкиот тенисер и му се освети за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Шангај.

Во полуфиналето од турнирот, Новак Ѓоковиќ во битка за финалето ќе се соочи против Григор Димитров.